Најпрво, соединете ги мелените кекси и растопениот путер. Оваа смеса, распоредете ја на калап со механизам и оставете ја во замрзнувач за да се стегне.
Мојот калап е со големина 26ка и претходно го подмачкав со путер.
За белиот дел, со ладна вода, налејте го желатинот и оставете го да набабри.
Во сад и со миксер, сматете ја слатката павлака и тука потоа, додајте го сокот од лиметата. Во друг сад, соединете ги крем сирот и кондензираното млеко. Со шпатула, од смесата со млеко и крем сирењето, додавајте со смесата со слатката павлака. Додајте и рендана кора од половина лимета. Истурете ја вишокот на вода од набабрениот желатин, па потоа желатинот ставете го во сад на оган за да се растопи. Оставете малку да се олади, па лажица по лажица, додавајте го во белата смеса.
Истурете ја белата смеса, врз стегнатиот кекс и оставете ја во фрижидер околу три часа.

За преливот од лимета, напрво во ладна вода потопете ги листовите желатин и оставете да отстојат околу десетина мин. За тоа време, на тава и на оган, соединете ги сокот од лимета, водата и шеќерот, па затоплете ја смесата додека шеќерот не се раствори.
Тргнете ја од оган и во неа додајте ги растворените листови на желатин, па оставете да се подизлади малку.
Врз стегнатата торта, поросете со рендана кора од лимета, а врз неа истурете го преливот од лиметата.
Оставете ја тортата да се стегне неколку часа, па послужете ја.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови