Ликеров прв пат го пробав на гости, бидејќи многу ми се допадна си зедов рецепт и го направив и јас. Ако сакате да направите поголемо количество, слободно удвојте ги состојките како што направив и јас

1. Виното се загрева во тенџере на ниска температура, а јагодите се мијат и се сечкаат на половини или четвртини.
2. Јагодите се прелеваат со загреаното вино, се затвораат со капак и се оставаат да стојат така 48 часа.
3. После 48 часа се прецедува течноста
4. Јагодите се пасираат низ цедалка. Бидејќи може да има ситни парчиња од јагодите целата течност се процедува уште еднаш, но овој пат низ газа.
5. Течноста се става да проврие, се додава шеќерот, се трга садот од оган и мешаме додека да се стопи шеќерот.
6. Се остава да се излади. Во изладената течност се додава вотката или ракијата ( јас користев ракија), се меша и веднаш може да се ужива во ликерот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани