Пробајки повеќе различни лењи пити одлучив да направам лења пита со мармалад од шипки и навистина е многу попријатна и повкусна од останатите пити.

1. Јајцата ги матиме со миксер постепено додавајки шеќерот додека не се растопи. Ги додаваме сите останатите состојки ( освен мармаладот ) и матиме додека не се соедини смесата.
2. Половина од тестото нанесуваме во намрсена и набрашнета тава бр.34 и го печеме на 180 степени околу 15 минути , и го вадиме од рерната. Премачкуваме со мармаладот, ја нанесуваме преостанатото тесто и го печеме уште 15 минути.
3. Изладената лења пита ја сечеме на коцки и ја наросуваме со шеќер во прав.

По вкус може дозата на мармаладот да се зголеми.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани