Подготовка
1. Белките ги матиме со шеќерот да побелат и да се згуснат.
2. Во нив просејуваме какао и брашно и го додаваме маслото. Соединуваме на прва брзина со миксер или внимателно со шпатула.
3. Смесата ја истураме на хартија за печење и печеме во рерна на 170 степени. За тоа време го подготвуваме филот.
4. Во половина од млекото ги ставаме пудинзите, жолчките и шеќерот. Матиме до соединување, а останатата половина од млекото ја загреваме до вриење.
5. Откако ќе почне да врие ја намалуваме температурата на ринглата и ја ставаме смесата со пудинзи и жолчки. Матиме додека да се згусне и свари.
6. Ја тргаме на страна и ја делиме на половина. Во едната половина веднаш додека е жешка ставаме чоколадо да се растопи. Интензивно мешаме со миксер да се соедини. Во другата полуизладена половина ги ставаме потпечени мелените лешници.
7. Редиме тесто од белки, чоколаден фил, бисквити, фил со мелени лешници.
8. Бисквитите откако ќе ги наредиме врз чоколадниот фил ги попрскуваме со 3-4 лажици екстракт од рум, разреден во малку вода.

Забелешка
Смесата од белки најдобро е да ја печете на хартија за печење, малку намрсена. Ако ја ставите во плех намрсен и набрашнет очекувајте пак да ви се залепи, од искуство ви кажувам, овој пат едвај ја одлепив.
Попорскувањето со рум е желба на моите домашни, тие многу го сакаат вкусот на румот инаку може и да не го ставите иако така е посочен бисквитот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани