Ова е преубава торта за оние кои го обожаваат лешникот.
За вкусот да биде уште поубав, сецканиот лешник го ставив во сад на оган и малку го запржив без масло, без ништо.
Јајцата ги изматив пенесто со шеќерот и постепено ја додадов водата.
Двете лажици брашно ги помешав со пецивото и ванилата, кога го исклучив миксерот ги додадов во јајцата. Тост лебот го испеков во пекач и ги изронив во тестото.
Со шпатула убаво ја соединив смесата, додавајќи ги мелените лешници, а потоа исецканите.

На хартија за печење ја истурив смесата ја израмнив добро и попрскав со останатите сецкани лешниици.
Ставив да се пече.
Откако е печена полека свиткајте ја заедно со хартијата.
Нека се прекрши тестото за виткање.
Филот го спремаме на тој начин што ги вариме пудинзите заедно со компотот и кога ќе се доволно изладени ги спојуваме со претходно изматените маргарин и шеќер во прав.
Ја одмотуваме внимателно кората и ја премачкуваме со филот.
Полека со помош на хартијата мотаме ролат.
Го премачкуваме со изматена слатка павлака и попрскуваме цели лешници.
Ова беше роденденската торта на мојот сопруг.

Забелешка
Морам да напоменам дека овој ролат е малку тежок за виткање, затоа што во неговиот состав има мн малку брашно и цел е на лешник и самите јадри парчиња придонесуваат да кората пука.
Значи пополека виткајте, зашто е нежен и кревок.
Но вкусот е преубав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови