Ви подготвив ште една вкусна варијанта на торта со американски палачинки.

Подготовка
1. Ги двоиме жолчките од белките. Жолчките ги матиме со прстофат сол. Кон нив ги додаваме брашното, млекото, пецивото. Промешуваме и соединуваме со миксерот.
2. На страна ги матиме белките со прстофат сол додека да добиеме цврста состојба, како снег.
3. Кон жолчките ги додаваме изматените белки и смесата ја соединуваме со помош на шпатула, за да ни остане воздушеста.
4. Печеме на нелепливо тавче кое претходно сме го намрсиле. Ставаме по 3 лажици од смесата за палачинки и со помош на лажица формираме круг, т.е. ја формираме палачинката. Врз неа ставаме прстофат сечкани лешници. Откако ќе се испече од едната страна ја превртуваме и од другата. Така со целата смеса.
Додека ни се ладат палачинките го подготвуваме филот.
5. Крем сирењето го матиме со мармаладот и шеќерот во прав до соединување на филот.
6. На секоја палачинка ставаме фил од крем сирење, размачкуваме, па ставаме една лажица мармалад од кајсии. Така ја редиме тортата.
На крај украсуваме по желба.

Забелешка
Чашата е од 200 мл. Палачинките треба да се сосема изладени па да ги филуваме.
Во филот ставете шеќер во прав доколку не ви е благ многу мармаладот. Големината на палачинките е по желба. Од оваа доза излегуваат две вакви тортички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани