Чоколадо, рум, лешници, кокосов крем, сето ова соединето за нас е добитна комбиција за засладување.

Подготовка
Кокосовиот крем и шеќерот ги загреваме до вриење. Го тргаме тенџерето на страна и ги ставаме чоколадото и путерот да се растопат, со мешање.
Откако малку ќе излади смесата ги додаваме румот, мелените лешници и мелените бисквити. Соединуваме и од смесата правиме топчиња кои потоа ги валкаме во крокант од лешници.

Забелешка
Во смесата можете и да нарендате некоја коцка чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани