- Измиениот патлиџан расечете на половина по должината, напарвете дијагонални засеци, посолете, ставете малку бибер, ставете во тавче во кое ќе се печат, залијте со масло, покријте со алу-фолија и ставете нека се печат до убаво омекнување.
Додека се печат пригответе го преливот така што ќе измешате јогуртот со сол, бибер, ситно сецкано или низ преса стисанот лукче, копар, магдонос.
- Печените и малку изладени патлиџани залијте ги со преливот. Исто така можете да ставите и врз преливот малку масло.

-Напомена
Јас ги печам секоја половинка засебно замотана во алу - фолија.
Овој прелив во комбинација со зрно калинка е фантазија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани