Пиперките испечете ги, нека се оладат па излупете ги.
Ако имате сушени домати на сонце уште поубаво, а ако не тогаш исечкајте ги, посолете ги, малку прелијте ги со маслиново масло и ставете ги во рерна на 80 степени, додека не се постсушат... отприлика 2-3 саати... нешто ќе искористите за салатава, а останатото ставете го во тегличка со масло, ќе го искористите во друга прилика...
Во блендер ставете го лукот, пиперките, оревите, сенфот, малку масло и сол и убаво изблендирајте ја смесата.
Во неа ставете го изренданото сирење, домати по вкус и убаво измешајте.
Салатчето е убаво, вкусно и летно ...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови