Брза и вкусна, летна салата.
Прво модриот патлиџан го миеме убаво и го сечеме на ленти. Го ставаме во сад, го посолуваме и го оставаме така околу 5 минути.
Потоа го пржиме на тивко на грил-тава. Го оставаме да се излади.
Доматите ги сечеме на парчиња, го додаваме оладениот модар патлиџан, ја солиме салатата, ја мешаме, потоа одозгора ги додаваме сирењето и лукот. Врз салатата додаваме маслинов зејтин.
Салатата е готова и спремна за дегустација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови