Подготовка
1. Тиквичките се сечат на кругчиња откако добро ќе се измијат
2. Се панираат во претходно изматено јајце со малку сол, па потоа во брашно и се запржуваат само малку во врело масло
3. Испржените тиквички се ставаат на хартија за да се впие вишокот масло
4. Во керамичка тава се редат половина од испржените тиквички
5. Врз тиквичките се реди половина од шунката/пилешки гради кои се исечени на тенки лентички
6. Половина и од кашкавалот се реди врз шунката-цели парчиња
7. Кашкавалот во тавата се премачкува најпрво со 4 лажици мајонез, а потоа врз него се премачкува и половина од павлаката
8. Повторно се прави истиот процес како втор спрат од лазањите (се реди тиквички, па шунка, па кашкавал, па мајонез и павлака)
9. Тавата се става во загреана рерна на 250 степени, се намалува температурата на 220 и се пече 15-20 минути- само малку да зарумени павлаката која е најозгора, т.е. лазањата.
Лазањата може да се служи и како топло и како ладно предјадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани