За претстојните летни горештини, одличен лесен, ароматичен пијалок.  
Портокалот го миеме и го ставаме во сад во кој налеваме ладна вода и додаваме малку сода бикарбона.
Нека одстои така 20 минути.
Потоа го миеме со чиста вода и го сечиме на парчиња
Кајсиите ги сецкаме на парчиња.
Може да се капне некоја капка лимон врз кајсиите за да не потемнат.
Во бокал ги соединуваме виното, киселата вода и овошјето.
Го оставаме бокалот барем 15 минути во фрижидер.
Потоа налеваме во 4 чаши.
Послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани