Најпрвo ќе го приготвите овошното желе
- Истискајте го сокот од лимонот во водата, додадете шеќер и ставете да се вари околу 1 мин. Тргнете на страна да се олади.
- Листовите желатин потопете во ладна вода оставете да набубри (може и мелениот желатин кој ќе го приготвите според упатството)
- Испасирајте ги малините и ставете кај сирупот од лимонот. Промешајте.
- Земете 2-3 лажици од овошната смеса, загрејте и во неа истискајте ги листовите од желатин и ставете да се стопи, по што ќе ја ставите целата желатинска смеса кај овошјето со лимоновиот сируп. Промешајте и распоредете во модли. Нека одстои најмалку 4 часа, а може и преку ноќ.
Јогурт
- 250 гр. боровинки се пасираат со јогуртот,се додава млекото и шеќерот. Се разбркува да се изедначат состојките.
- Извадете од модлите овошното желе, ставете на тацна, покрај него ставете од јогуртот.
Уживање е овој десерт!
Напомена
- Како што споменав, можете да користите желатин во гранули приготвен на начин како што е напишано на паковањето. За овој рецепт ви е потребно околу 25-30 гр. гранула желатин. Овошното желе можете да го приготвите од кое било овошје, а јогуртот да биде соодвете на вкус - значи такво и овошје ќе користите кое ќе одговара со желето.
- Можете целата смеса да ја ставите во една модла, да извадите, да сечете од него и сервирате со јогуртот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани