Здраво на сите.Јас сум Ајхан од Струга.Имам 17 години.Долго време го пратам сајтов и си реков зошто да не бидам и јас дел од него. Љубител сум на храна и уживам да готвам. Љубовта кон готвењето ја имам наследено од мајка ми која е врвен готвач. Се што знам до сега во врска со готвењето имам научено од неа. Сега доста за мене да се префрлиме на готвење.

Подготовка
Во сад ја матиме слатката павлака со шеќерот. Кога ќе згусне го додаваме мелениот бисквит и кокосот и промешуваме со рака или лажица. Земам од смесата со лажица ставаме по едно чоко стоби флипс точиња и формираме бомбица.

Глазура
Во сад ја кршиме белата чоколада и додаваме 5 лажици масло и топиме на пареа. Истата постапка важи и за црното чоколадо. Ги валкаме бомбиците во нив и оставаме малку од чоколадото за декорација. Потоа декорираме по желба.

Напомена*
*Смесата е малку леплива, да не ве буни тоа и да додадете уште мелен бисквит. Таква треба да биде.
*Кога ќе декорирате со преостанатата чоколада оставате малку да се здрви чоколадото на бомбиците па потоа декорирајте.
*Јас од ова количина чоколадо извалкав околу 60 бомбици. Преостанатите ги валкав во кокос и мелени ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови