За подлога
Путерот и бисквитите се месат со рака убаво додека се добие убава смеса. Се става во тавче и убаво се притиска со рака да биде мазна површина.
Ладно млеко и шлаг кремот се матат убаво, а чоколадото се топи на пареа и потоа се додава во шлаг кремот и се мати убаво.
Во филот може да додете и по желба кршени бисквити, желе бонбони или сецкани ореви.
Врз подлогата се става шлаг крем потоа се реди еден ред од бисквити (секоја бисквита се потопува во млако млеко) потоа повторно шлаг и се завршува со бисквити.
На пареа се топи чоколадото, се става преку цела торта и се остава тортата преку ноќ да се стегне.
На здравје. 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови