1. Најпрво ги миеме сливите, ги чистиме и ги сечеме на велчиња.
2. Тавата за печење ја намрсуваме со маргарин и наросуваме 10 лажици бел, 5 лажици кафеав шеќер и една ванила.
3. Потоа ги редиме исечените сливи.
4. Јајцата ги матиме со останатите 5 лажици шеќер и ванилата со миксер. Ја додаваме водата, го додаваме брашното, пецивото и гризот и доматуваме, да се соедини.
5. Истураме врз наредените сливи и ставаме да се пече на 180 степени 20 минути.
Подготовката одзема само 10 минути, 30 со печењето. Одличен и прелесен десерт. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови