Едно лепче кое често го купував, решив да го приготвам дома.
Побарав рецепт, па се потрудив.
Замесете убаво тесто од квасецот, брашното, солта и шеќерот.
Додадете го и маслиновото масло и маслинките сецкани на крукчиња.
Оставете да одмори тестото, па размесете го на набрашнета подлога.
Оставете повторно да се дуплира, па печете на 170 степени околу 45 минути.
После печењето, оставете да се одмори и попрскајте со вода.
Во зависност од тоа какво брашно користите, грамажата на брашното, може да варира со 50 до 100 гр.
Еднаш ми испадна многу меко тестото,а со друго брашно,пак солидно.
Како и да е, кои обожува маслинки, мислам дека ова ќе му биде омилено лепче.
По вкус можете да ставите и рузмарин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови