Јајцата ги матиме со шеќерот, додека не се згусне убаво смесата.
Исклучуваме миксерот, додаваме масло, капучино,брашно и презла. Наросуваме и пециво.
Мешаме со шпатула.
Префрламе во обложен калап со хартија за печење.
Користев мал калап.
Печеме додека е се зарумени.
Печениот пандишпан го оставаме да излади.
Изладениот пандишпан го сечемена два дела.
Во меѓувреме го приготвуваме филот.
На страна во еден сад ги помешуваме млекото со шеќерот и брашното.
Еден дел од млекото го ставаме на оган и штом се загрее ги доставаме брашното и млекото.
Мешаме да се свари и згусне. Додаваме бела чоколада да се растопи.
Оставаме да излади, па на страна помешуваме маргарин со шеќерот во прав.
Така приготвениот фил го премачкуваме во средината и врз површината на тортата.
Брз филот во средина, попрскуваме ред бадеми.
Ставаме да се излади во ладилник.
Јас го оставив калапот, страничниот дел, да се одржи правецот и формата.
Штом е стегната тортата, го вадиме калапот и ја премачкуваме со мармалад од јагоди.
Декорираме по желба.
Јас ја чувам постојано во ладилник, по потреба вадам и сечам.
Се јаде како сладолед торта некако, па затоа можеби и името е добиено леден ветер.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови