Едноставно прекрасен рецепт.
Брзо освежување и насладување.
На неколку места го имам пробано, но сега во домашни услови спремено на мој начин.
Измијте го убаво овошјето или оставете во сода со вода да постои малку, па исплакнете.
Исецкајте го овошјето на коцки по своја желба.
Јас сецкав колку да може да ги собере во лажичето.
Боровинките само се мијат, па се мешаат со остатокот од овошјето.
Во садот каде ќе ги редите овошките, ставете топки сладолед. Јас користев мешавина од ванила и вишна.
(ќе ставам слика и од сладоледот)
Мешајте благо да се вклопат овошјето и сладоледот.
Попрскајте со мед, маџун или некој овошен сируп.

Забелешка
Пробав и со разни пени и шлагови.
Јас сум задоволна со овој начин.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови