Ова ми е еден од омилените десерти. Рецептот е од свекрва ми која е мајстор за правење на ледената коцка, а умешноста во правењето ја научив од неа.

За пандишпан

Се матат јајцата со шеќерот, се додава какаото, пецивото и румот. Се печи на 150 степени во правоаголна тава намастена со масло и набрашнета. Оставете го да се излади убаво. Во меѓувреме подгответе го сирупот.

За сируп

Големина на шоља е 250 мл. Нека зовријат 10тина минути водата и шеќерот и оставете да олади. Млакиот сируп се потурва врз ладниот пандишпан.

За крем

Се зоврива 750 мл млеко со 200 г шеќер, а во останатите 250 мл се раствора брашното. Откако ќе зоврие млекото со шеќерот, се додава раствореното брашно и на тивок оган се вари додека не згусни и се остава да олади.
На страна се бие маргаринот со 2 лажици шеќер во прав и 2 ванили и откако убаво ќе се изматат, се додава на оладениот крем. Кремот се нанесува над потурениот пандишпан. Ставете го тавчето во фрижидер за да се стврдни кремот убаво и пригответе ја чоколадната глазура.

За чоколадна глазура

Се растопуваат на пареа чоколадото и маргаринот и се додава маслото и румот. Глазурата се потурва врз ладниот крем и убаво се распоредува. Повторно се враќа во фрижидер.

Најдобра за конзумирање е наредниот ден - ако можете да издржите хехее

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови