Миселев дека аромата која што се ширеше додека лепчето се печеше нема да може да го надмине вкусот. Се излажав. Совршено. Само шмекови на лукче и рузмарин, дискретни, не преовладуваат.

Во голем сад ставете ги сите суви состојки и рузмаринот, убаво измешајте ги, додадете го квасецот (може растопен во вода, може и само издробен), додадете ја водата и маслото. Лукчето можете да го насецкате или да го поминете низ преса за лук. Јас го згмечив со преса.
Замесете тесто оставете го да го дуплира волуменот. Замесете го повторно, формирајте векнички и дури тогаш вклучете ја рерната. Додека рерната се загрева лепчето ќе нарасне повторно. Доколку во просторијата е поладно, вклучете ја рерната подоцна за даима време лепчето да нарасне.
Печете на 200 степени 20 мин, па намалете на 180 уште 10ина мин.

Кај нас се мачкаше со домашен кајмак...нема да ти зборувам повеќе, нема смисла да плачеме пред монитор :D

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани