Во длабок сад се става брашното, шеќер, сол и маслото. Во топлата вода се раствора квасецот да се растопи и полека се замесува меко тесто. По потреба се додава и повеќе вода.
Замесеното тесто се покрива и се остава на топло да нарасне околу 45 минути. 
Од тестото се формираат топчиња, секое топче се развлекува со раце малку и во средина се става по едно кафено лажиче лутеница.
Се затвора како на сликата и се редат на тавче обложено со хартија или доколку е Делимано нема потреба од хартија.
Кога ќе се подготват сите се премачкуваат со малку масло и се оставаат да нараснат уште 30 минути.
Се печат на 170 степени додека добијат убава румена боја. Кога ќе се извадат од рерна се премачкуваат со вода и се покриваат со налонска фолија, а потоа се крпа за убаво да омекнат.
Преубави се и многу меки.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови