Ова можи да ви се најди како идеја да ги залажите децата или пак како залачиња за изненадни гости.

Отсечете ги корките на тост лебот и спојте ги едно до друго. Можи да ги правите сите одеднаш или пак по две во зависност од способноста и од тоа колку е свеж лебот.

Потоа со сукалка растанчете ги така што краевите помеѓу секое парче ќе се спојат.

Премачкајте ги со паштета. Јас ги премачкав со купен хумус како замена за неа и затоа премачканиот слој минимално одокативно се познава, а на сликата пак воопшто не можеше да се долови да се види.

На почетокот наредете од маслинките и завиткајте цврсто во ролна.

Нагмечете ги рабовите да се залепат за да остани како ролат, па исечете го на мали парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови