Листовите лазањи се редат во правоаголен огноотпорен сад и се налеваат со вода колку да ги покрие и така стојат 20 минути, а потоа се процедуваат.
Се редат на чинија. Јас никогаш не ги варам листовите, туку дозволувам тоа да го направи бешамел сосот, кој исклучиво го подготвувам од помала количина млеко, а поголема јогурт.
Во тенџере се ставаат маслото путерот и се става брашното да се запржи.
Потоа се налеваат јогуртот и млекото и се меша на тивко се додека сосот не се згусни, а не смее да проврие. Се зачинува.
Исчистениот спанаќ само го попаруваме со врела вода.
Сега тенко дното на огноотпорниот сад го премачкуваме со масло.
Редиме листови лазањи, ставаме печеница, тенки кругови домат, па бешамел сос.
Повторно ставаме листови лазањи, кашкавал, тенки кругови домат и бешамел.
Ставаме листови лазањи, листови сланина, добро исцеден спанаќ, бешамел сос...
Постапаката е иста додека се истрошат состојките.
На крај завршуваме со кашкавал.
Го ставаме садот во загреана рерна на 190-200 с и печиме 30-35 минути.
Сервираме топли со чаша бело вино.

Исклучително вкусни лазањи.
Совет- користете поквалитетни сувомеснати производи, шмекот ќе биде божествен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани