Модриот патлиџан излупете го и сечете го на мали коцки. Во тава ставете 10-на лажици масло и испржете го да омекне. При пржењето мешајте да не загори и кога е готов тргнете го на страна.
Во друга тава со маслиново масло пропржете ги кромидот и лукот исецкани на ситно. Додајте ги доматите, листовите босилек и зачните по вкус. Измешајте и оставете да се вари на среден оган околу 10 минути. Потоа заедно измешајте ги со модриот патлиџан и тргнете го на страна.
Подгответе го бешамел сосот.
Млекото ставете го да се загрее. Во помало тенџерче стопете го путерот, додајте го брашното и запржете ги како за запршка. Додајте го загреаното млеко и мешајте со жица да се изедначи сосот. Зачинете го по вкус и тргнете го на страна.
Подготовка на лазањите за печење.
Мала тава за печење намачкајте ја со путер. Ставите неколку лажици од бешамел сосот, врз него 2 кори лазањи една до друга, а одозгора од сосот со модар патлиџан и 1/3 од кашкавалот и повторно од бешамелот.
Повторно се редат 2 кори лазањи - сос - кашкавал - бешамел - кори - сос - кашкавал - бешамел, а најодозгора да останат само корите лазањи и целиот останат бешамел сос.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 40 мин.
Послужете ги топли посипани со пармезан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани