1. Лукот го толчиме, а кашкавалот го рендаме. Брокулата ја одделуваме на парчиња. Шампињоните ги сечиме на тенки листови.
2. Тавчето во кое ќе ги правиме лазањите го премачкуваме со путер.
3. Во подлабоко тенџерче го ставаме брашното, лукчето и млекото. Го ставаме на оган, зачинуваме со сол и црн бибер и мешаме додека не зоврие (не се згусти).
4. Во доматниот сос ја додаваме водата. На дното на тавчето ставаме од доматниот сос да се покрие дното, редиме од лазањите, повторно ставаме неколку лажици од доматниот сос. Распределуваме слој кашкавал, парчиња брокулаи шампињони. Врз нив тураме неколку лажици од белиот сос. Постапката ја повторуваме додека имаме од состојките. На крај завршуваме со лазањи и врз нив бел сос. Покриваме со алуминиумска фолија.
5. Печиме во загреана рерна на 180 степени 40 минути. Тавчето го вадиме од рерна, ставаме кашкавал и посипуваме презла. Печиме уште 10тина минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани