Во случај да немате оригинални кори за лазањи, одлична замена се и домашните.
За доматниот сос најпрво на малку масло запржете го кромидот, додајте го месото, пропржете го и додајте ги доматите и виното. Зачинете со сув зачин, бибер и оригано и оставете го да повари десетина минути.
За бешамелот, на малку масло пропржете го брашното, ама внимавајте да не ви потемни, треба да остане бело. Додајте зачин, млекото и со жица цело време мешајте, се додека не зоврие, да се згусти.
Кашкавалот изрендајте го.
Правоаголната тава премачкајте ја со малку масло и на дното ставете малку од бешамелот. Над него наредете еден слој од корите. Ставајте со рака, отприлика, колку да се покрие целата површина. Над корите ставете од сосот со месото, бешамел па кашкавал. Така наредете 4-5 пати.
Најгоре ставете од корите, бешамел и кашкавал.
Затресете ја малку тавата.
Рерната загрејте ја на 200 степени.
Тавата покријте ја со фолија и ставете ја да се пече.
После половина час можете да ја тргнете фолијата и да продолжите со печењето, да може да добие румена боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови