Ќе ми простите, ама нешто овој период ум во некое воведно расположение, така да ако ви е мачен воведниот текст, скролајте надолу директно до подготовката.

Со другарка ми еднаш неделно си имаме ритуал да се најдиме во град и да седниме некаде на јадење. Последниот пат мене не ми беше баш нешто до јадење, па решив да нарачам нешто што нема толку да ме оптерети. Како на мое чудење немале солена палачинка, на предлог на келнерот меѓу другото беше лазања во тортиља. Не знам дали баш такво име имаше специјалитетот, но секако дека за мене интересно и непробано, па љубопитноста си одлучи.

Дали имаат чудни зачини или пак недоволно се сенаоѓаат со нив не знам, ама знам дека нешто во тој контекст фалеше како и по обичај таму и јас малку повеќе ја осеќав брашнетоста во јадењето. Па така, изјавив дека ќе се обидам дома да направам копија со моја подобрена верзија во она што за мене беше некој мал недостаток. Дома така тортиљите стрпливо си ја чекаа својата судбина, купив мелено месо и се поведов со идејата за во кујна. Бешамел никаде, ни за лек. Си го преферирам јас купечкиот, колку и да не е здрав, мене ми е вкусен и кремаст... па така решив и тој да го импровизирам и секако, не цел со млеко. Би бил можеби супер иако овде и ваков совршено си легна да имаше додаток на павлака за готвење.

Експериментот успешен. За домашен вкус, следниот пат шеќерка ќе е заменета со комплетна конзерва грав и нормално, паметен избор сама да си го сомелам месото

Подготовка:
Кромидот ситно исечкајте го и кратко запржете го пред да го додадете и меленото месо. Пржете додека испари течноста, па додадете 400 мл доматно пире и зачините.

Додека крчка на тивко, на страна спремете го бешамелот (кој јас упорно си го викам каша со млеко : ) )
Запржете го брашното на масло, па налјете ја водата, измешајте и налејте го млекото. Варете додека стани компактна смеса. Во меѓувреме додајде ги и зачините.

Според мене, добро е пченката да се додаде во текот на крчкањето на месото за да не го толку она крцкање во јадењето (ова е предлог за такви како моиве, чинам како коски од маслинки да ја требеа додека јадеа : ) ).

На крај додадете го и гравот од конзерва, па за кратко време и бешамелот и една пооооолна лажица кисела павлака (која јас следен пат би ја измешала во бешамелот претјодно на пример ;) )

Откако ќе се соедини се, последно додадете го ренданиот кашкавал, измешајте и филот е спремен.

Ви треба тепсија со број 26, со иста големина како тортиљите.
Без никакво подмачкување, се става првата кора и се премачкува со филот и така се до последната која исто така ќе ја премачкате со фил и најгоре го додавате насекаде по малку останатиот рендан кашкавал и над него остатокот од доматното пире.

Исечете ја на 8 парчиња и ставете да се печи на 200С околу половина час.

Послужете со топка кисела павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани