Сите ние знаеме колку е комплицирано да се прават пирошките, а ова се прави многу лесно.
Рецептот ми е од една драга пријателка и од кога го имам многу често е во мојот дом за појадок, но и за вечера. Моите деца ги обожаваат, често им пракам и за на школо.

Корите пресечете ги на пола. Јајцата изматете ги со вилушка, додатете го зејтинот, урдата павлаката,  солта и измешајте. Секоја кора премачкајте ја со една лажица од филот, преклопете ги страните и завиткајте како пирошка. Истото направете го и со останатите кори.
Секоја пирошка ставете ја во јајце, па во презла и сусам.
Пржете во загреано масло додека поруменат.
Јас си ги правам кога имам време, ги замрзнувам и по потреба вадам и одма така замрзнати ги пржам. Пријатен апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови