Измиените пиперки ги печиме на скара или на плотна на шпорет.
Ги ставаме во најлонска кеса и оставаме да се изладат.
Ги лупиме и им ги одстрануваме семките и дршките.
Сега во еден сад ги соединуваме сирењето, рендано или дробено, јас ставив малку крем сирење, малку кисела павлака, оревите, маслиновото масло, магдоносот, зачините. По желба може да се додаде и малку лук.
Смесата ја делиме на 4 дела и ја ставаме на секоја пиперка.
Малку со помош на нож израмнуваме.
Сега ставаме по 3 маслинки и малку ги притискаме, убаво да си легнат во филот.
Краевите, страничните, на пиперката ги завиткуваме навнатре, како што виткаме сарма и роламе.
Вака подготвената пиперка ја ставаме во алуминиумска фолија и ја завиткуваме како бомбонче.
Така ги правиме и останатите.
Ги оставамне во фрижидер околу 1 час дса се стегнат.
Потоа внимателно ги вадиме и во средината ги заврзуваме со по едно гранче магдонос.
Сервираме на постела од свежа краставица.
Уживајте во ова декоративно предјадење од зеленчук.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани