Брзо, ладно, декоративно предјадење.
Прво триаголник калап го обложуваме со фолија.
Ги редиме парчињата шунка, едно до друго, при тоа малку да се поклопуваат и да висат од страните.
Желатинот кој набабрил со водата, многу кратко го ставаме на топла рингла, да се раствори, па го додаваме во киселата павлака.
Зачинуваме по вкус.
1/3 од павлаката ставаме во калапот, па по должина ги редиме маслинките и покриваме со кисела павлака.
Сега затвораме со листовите шунка, измазнуваме со рака и го оставаме во фрижидер 1 час да се стегни.
Потоа го сечиме на парчиња.
На крекерите со помош на шприц им ставаме по малку од крем сирењто, поклопуваме со парче чајна и завршуваме со крем сирење и мала декорација од магдонос и малку сусам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани