За во горештините ви ја предлагам оваа вкусна ладна крема.
Идеална како лесен ручек или вечера.

Исечете ги тиквичките и кромидот на поголеми парчиња.
Ставете ги во касерола и налејте ја водата.
Посолете по вкус.
Покријте со капак и на потивок оган оставете да се варат околу 20 минути.
Исцедете ја скоро целата течност и оставете ја на страна.

Откако тиквичките и кромидот ќе подоладат(да бидат млаки), додајте го јогуртот, лукот и чилито.

Блендирајте со рачен миксер до саканата густина.
Ако ви е многу густа додајте од течноста во која се вареа тиквичките и кромидот.

Оставете целосно да се олади.

Сервирајте ја со коцки краставица, нектаринка и чиа семе.

Забелешка
Наведената количина на краставица и нектаринка е таа.
На сликата ставив помалку заради декорација, а ја јадевме баш со посочената количина на краставица и нектаринка.
Вие може по вкус и да си додадете повеќе или помалку.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани