Има многу рецепти за лава колачи, но според мене ова е совршениот.

Прво ги матиме јајцата со шеќерот. Кога се добро изматени го додаваме брашното и продолжуваме со матење.

Чоколадото го топиме со путерот и какаото. 
Стопеното чоколадо полека го додаваме во смесата со јајца и продолжуваме со матење.

Калепче за мафини го намастуваме со малку масло и во секое дупче туриваме по две лажици од смесата.
Лава колачите се печат во загреана рерна на 200 степени околу 7 минути-никако не повеќе затоа што внатрешноста треба да остане кремаста.
Печените лава колачи се служат топли со сладолед по избор.
Јас ги наросив со шеќер во прав и декорирав со ливчиња нане и овошје што го имав дома.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови