- Ставете во сад одмерениот кус-кус, зовријте ја водата во која ќе ставите малку сол, попарете го, покријте и оставете на страна.
- На загреано масло ставете да се пропржат заедно кромидот, на едрата страна изренданиот морков по можност по должина да се ренда, пиперките исечени на коцки, тиквичката, замрзнатиот или свеж грашок (не варен). Доколку користите свежи печурки тогаш ќе ги ставите и печурките, а ако се истите маринирани, ќе ги додадете откако ќе биде испржен предходно ставениот зеленчук. При самиот крај процедете го кус-кусот, додадете во тавката, сосема кратко 1-2 мин, нека се пржи заедно, доосолете на вкус, додадете бибер, тргнете на стана.

Одличен прилог кој може и така засебно да се послужи.
Начинот на подготовка на кус - кус е различен - зависно од кој тип е.
Денеска користев изреалски кус-кус и затоа јас само го ставив во подсолена вода која веќе вриеше, се вареше околу 5 мин го претурив во цедалка да се цеди, а не смета да се припреми како што веке напишав погоре. Вака може да се спрема било која тестенина, вака по некој пат приготвувам и од оние ситните макарони.
Ставам зелена и црвена пиперка заради колоритноста.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани