Подготовка на зеленчукот
Зеленчукот што го употребив беше со средна големина тамам за да го распоредам на 4-5 порции.   Зависно од вашите потреби самите можете да си е одредите и големината и количината.

Тиквичката и црниот патлиџан излупете ги и исечкајте ги на помали коцки, додајте сол и оставете ги да стојат да пуштат вода. Потоа исцедете ги.
Исчистете го и исецкајте го и останатиот зеленчук.
Во тава за пржење ставете го маслото малку да се загрее и најпрво запржете го кромидот и празот. Потоа додајте ги пиперката, тиквичката и црниот патлиџан и со повремено мешање пржете ги додека омекнат. При крај додајте го и црвениот домат и посолете по вкус. Ако е потребно при пржењето додајте и малку вода за да не загорат и поубаво омекнат.
Готовиот зеленчук покриен оставете го да лади и подгответе го кус кусот.

Кус кусот ставете го во длабока чинија, а водата ставете ја зоврие. Откако ќе зоврие прелијте го кус кусот и покриен оставе го да стои 7-10 минути (или подгответе го по упатството на вашата кутија). Потоа порскајте го со малку масло и измешајте го со вилушка.
Распоредете го во чинии и послужете го подготвениот зеленчук.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани