Салатава е и витаминска и хранлива и искрено да ви кажам изненадувачки прекрасна. Ако имате кус кус при рака додека е сезоната на млад зеленчук ви препорачувам да ја пробате.
Кус кус се подготвува спрема упатството, па откако ќе се свари се цеди.
Морковот се ренда, кромитчињата се сечкаат на многу тенки кругови (ако ги користите цели перјата доволно е и едно) и пиперката се сечка на што поситно, т.е. како да се ренда на ножот.
Се се меша и се додава сол и маслиново маслои малку сок од лимон.
Се послужува со кришки лимон за додатко цедење кој сака покисело.
Кој сака можи да додаде и ситно сечкана краставица како за таратур, но вака е многу вкусна и лесна за јадење и таа воопшто не фали.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови