Овој вкусен зелник е правен по рецепт на баба ми. Таа беше мајстор за сукани теста и секогаш подготвуваше најубав зелник! Среќа моја што на време си се интересирав и си седев до неа додека го подготвуваше, па си научив да го правам. Деновиве ми се уврте во глава дека одамна го немам правено и се решив да си почастам душа. Па еве го споделувам овој прекрасен рецепт со вас!

1. Од наведените состојки за тесто, се замесува средно меко тесто и се остава да стаса.
2. Во меѓувреме се подготвува филот. Се сецка на ситно зелката и празот. Прво се пропржува празот на масло, а потоа се става и зелката и се мешаат. Подготовката трае отприлика половина час, бидејќи на зелката и треба повеќе време додека да омекне и се зготви. На крај се додаваат сецкани суви пиперки, може предходно малце потпечени и црн бибер. Може да се употреби и лут буковец, зависно од вкусот.
3. Стасаното тесто се дели на 8 дела. Се премесуваат топчињата и треба да бидат сите скоро исти.
4. Пет корички се расукуваат и се редат една врз друга, помеѓу премачкани со растопен путер и масло. Горната кора не се премачкува, за да може да се сука.
Се расукува кора поголема од тавата за печење. Со помош на сукалото се префрла кората врз тавата, која предходно е премачкана со масло.
5. Останатите 3 корички исто се расукуваат прво во мал круг, па се редат и премачкуваат со масло девте кори, горната не. Се расукува кора со големина колку тавата за печење.
6. Во средина се става филот од зелка на купче.
7. Врз филот се префрла 2рата кора, со помош на сулако и околу филот се почнува со виткање на витката. Кога ќе се заврши внатрешниот круг, се почнува со надворешниот поголем круг.
8.Зелникот се остава околу 20тина мин на топло, повторно да стаса.
9. Се пече на 200 степени, околу 30тина мин, односно додека убаво коричките се испечат.
10. Пред крај се пропрскува со 50 мл вода и 1/4 лажичка сол растворен и се враќа уште 2-3 мин да се допече. Овој момент дава убава урцкава и солена коричка на зелникот!

Овој прекрасен стар рецепт за подготовка на зелник, се надевам дека ќе ви помогне во иднина за да пробате и сами да си го подготвите и уживате во прекрасниот вкус!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови