Плехот го обложуваме со хартија за печење.
Ја вклучуваме рерната на 190 степени да се загрее.
Во сад ги ставаме јајцето, ванилата и шеќерот.
Кратко со миксер соединуваме.
Го додаваме путерот и пак соединуваме.
Со исклучен миксер додаваме рендано јаболко, цимет, пециво и брашно.
Додаваме сецкано чоколадо.
Со шпатула соединуваме.
Со помош на две лажички ставаме врз плехот, да бидат на мало растојание.
Печиме околу 15 минути.
Ги вадиме на решетка да се изладат па ги послужуваме и дегустираме со добро друштво и кафе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови