Белките се бијат во цврст снег. Жолчките се бијат на страна со 150г шеќер. Потоа се додава 100мл топла вода и ванилиниот шеќер. Се продолжува со миксерот додека убаво не се соедини. После тоа се додаваат брашното и пецивото. На крај во таа смеса се додаваат изматените белки. Сето убаво треба да се соедини. Од смесата се трга настрана 1/3 и во неасе додават 2 лажици какао и 50г шеќер.

Смесата се истура во намрсен и набрашнет калап за куглоф. Прво се става белата смеса па потоа црната. За да се ишара убаво откако ќе ја ставите црната смеса помините неколку пати со вилушка.

Се печи на 180’Ц околу 40мин.Откако ке се испечи се прелива со бела чоколадна глазура приготвена на пареа од 1 чоколада и 2 лажици масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови