1. Кромидот се сечка ситно и заедно со мешаниот сув зачин и црниот пипер се става во месото, се имесува, па се остава 1 час да стои во фрижидер.
2. Потоа се додава просото, изренданиот компир, малку масло и пак се измесува убаво.
3. Во намрсен куглоф се распоредува дел од смесата од месо, на средината се редат парчиња сирење, а врз него се редат неколку помали моркови. Одозгора се распоредува остатокот од месото.
4. Кугловот со месо се потпекува во загреана рерна околу 45 минути, а потоа внимателно се превртува во округла тава, наоколу се распоредуваат излупени мали компирчиња, се полева со масло, се става малку вода, по потреба сол и се пече додека сето убаво не се потпече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани