Интересна изведба на солен куглоф со вкус на пица, кој како предјадење е убав прилог на трпезата, посебно поради убавата портокалова боја.

- Јајцата заедно со солта пенесто се матат со миксер додека не им се зголеми волуменот.
- Се додава маслото, кечапот, ориганото, киселата павлака и се изедначува со миксерот.
- На крај се ставаат исечената на коцки салама, печурките и пецивото кое е помешано во брашното и заедно просеано.
- Сето се мати со помала брзина на миксерот, а потоа со меша со силиконска шпатула.
- Изедначената смеса се истура во намастен и набрашнет калап за куглоф и се пече првин 20 минути на 200 степени, а потоа рерната се намалува на 150 минути и се пече 25 до 35 минути па и подолго, повремено проверувајќи со чечкалица.

Напомена
Испечениот куглоф треба да се остави да се лади постепено на собна температура повеќе време, тоа е заради текстурата на солениот колач.
Текстурата како што може да се види на фотографијата е некако како „гумена“, а тоа е само на изглед, а е поради киселата павлака во составот. Поради тоа при печењето на 150 степени печете ако треба и повеќе време, проверувајќи со чечкалица иако може цело време да ви изгледа како да не е печено.
Затоа куглофот треба убаво да се излади, а потоа убаво се сече и излегуваат подоста парчиња.
За уште поинтензивна боја може да се стави и малку црвен пипер или малку ајвар.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани