Многу вкусни тиквички, брзи и лесни за подготовка.
Прво тиквичката ја сечеме на ленти со должина околу десетина сантиметри, а ширина околу 1,5 цм.
За поховање во еден сад ги ставаме презлата, солта пиперот и пармезанот.
Во друг сад го матиме јајцето и додаваме млеко.
Парчињата тиквички ги ставаме прво во јајцето,  па во смесата со презла. Ги редиме во плех обложен со хартија и ги полеваме со малку маслиново масло.
Вака подготвени тиквичките ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.
Со тиквичките ние како додаток јадевме мајонез измешан со сецкани кисели краставички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови