Крцкави прстени од тиквичка подготвени на здрав начин за многу брзо време.

Тиквичката излупете ја и исечете ја на крогови дебелина од 1 цм. Бидејќи тиквичката ми беше дебела семето внатре ми беше големо и со помош на чаша го извадив така што ми ми излегоа како прстени и поради тоа ги нареков прстени од тиквички.
Посолете ги со сол и мешан зачин. Оставете ги да одстојат 10 минути.
Потоа валуткајте ги во претходно изматеното јајце и во презлата. Ставајте ги прстените во плех кој претходно сте го обложиле со мрсна хартија. Откако ќе завршете со сите прстени накапете ги со маслиново масло и ставте го плехот во претходно загреана рерна на 220 С.
Печете додека да добјата златно кафеава боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани