Декоративни колачиња што ке ја разубават вашата маса..
Млекото во прав, кокосот и шеќерот во прав се мешаат. Се додава млекото, јас додадов 4 лажици, но ако ви е многу цврста смесата додадете уште една до две лажици млеко и маргаринот.
Замесете убаво додадете ја аромата на круша и прехрамбената боја и измесете ја смесата.
Правете топчиња и во секое топче ставате во едно мало парче орев и обликувајте круша. Јас како дршка ставив по едно парче зелен фондан што го имав претходно, можете да одвоите од смесата пред да ви биде ставена бојата и да ставите зелен боја. Оставете да се изладат преку ноќ.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови