Во топлото млеко го додаваме издробениот квасец и шеќерот. Промешуваме. Потоа го додаваме половина брашно, зејтинот, јајцата и солта. Мешаме додека смесата се изедначи и на крајот го додаваме и останатото брашно. Тестото ќе ви биди ептен меко, ама ако не грижете се.
Потоа наросуваме малку брашно врз тестото и го оставаме да стаса. Кога ќе биди тестото стасано, расукуваме кора и сечеме кругови со чаша. Направените крофни ги оставаме да стасат уште 15-20минути и потоа ги пржиме во врел зејтин, така што таа страна на која што лежеле крофните ќе дојде горе. Ги пржиме покриени со капак на не многу силен оган. Декорираме по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови