Најпрво го активираме квасецот со лажиче шеќер и топло млеко.

Кога ќе надојди се додаваат жолчките, маргаринот, шеќерот, топлата вода, прстофат сол, ванилата, лимон шеќерот, румот и брашното за да се добие средно меко тесто, повеќе да е кон меко.

Се остава да го дуплира волуменот, се премесува, кратко и енергично и повторно да надојди. Сега помалку време му треба.

Потоа на набрашнета подлога се расплескува нежно со раце тестото и малку со оклагија се притиска за да се отвори кора.

Дебелината на кората од 1-1,5 цм..

Се вадат форми. Остатокот се премесува, малку да поднадојди, се отвора кора и вадат форми. И тие да надојдат.

Се оставаат да надојдат 30 мин..

Се пржат на умерен оган, во не многу длабока мрснотија-т.е. масло да нема многу во тавата.

Горната страна прва се става во маслото.

Топли се валкаат во шеќер во прав замирисан со ванила.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани