Во стаклен сад се ставаат јајцата и се матат со маталка.
Се додава јогуртот, ванилата, 2 лажици шеќер, 2 лажици ракија (или рум), рум шеќер и брашното помешано со прашокот за печиво.
Сето тоа добро се меша со маталката или со вилушка за да нема грутки.
Така приготвената смеса се покрива со чинија и се остава да отсоти 15-тина минути.
Се пржат во врело масло.

Ако сакате можете да ги посипете со шеќер во прав и со чоколаден прелив.

Јас користев ракија од причина што немав рум, па затоа си ставив рум шеќер.
Овие крофни со јогут може да се направат и со една ванила, ама ако се прашувам јас и две се малку.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани