За подготовка на рецептот потребно е свежиот квасец да го разматите со малку млеко, 1 лажиче брашно и 1 лажиче шеќер.
Оставете да надојде и замесете тесто со 500 гр брашно, 2 јајца,па додадете 50 мл растопен путер и 20мл јогурт.
Додадете го и шеќерот.
Се замесува меко тесто и се остава да се дуплира.
Откако е нараснато, се расукува кора малку потенка од еден прст и се вадат тркалца со чаша.
Големината одредете си ја сами.
Се редат на хартија за печење и се оставаат уште 15 минути да постојат покриени со памучна крпа.
Рерната треба да е вжештена пред печењето.
Се печат кратко, самите ќе ви покажат во печењето колку е доста.
Ќе поруменат и ќе се поткренат, ќе си ја добијат својата форма.
Вадете од рерна, премачкајте ги путер и попрскајте ги со шеќер во прав ако сакате.
Откако малку ќе изладат полејте ги со преливот од праска.
На здравје нека ви е со овој убав десерт
За преливот од праска

2 праски
1 лимон
2 лажици шеќер за желирање

Праските се лупат и се блендираат со сокот од еден лимон.
Се ставаат во сад на оган и се варат на тивок оган.
После 20 мин тивко крчкање се додава шеќерот за желирање и се промешува благо уште 2 до 3 минути, па се трга од оган.
Се полеваат крофните со преливот и се служат со чаша топло млеко.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови