1. Квасецот се остава да се активира во 100 мл. од млекото заедно со шеќерот и 1 лажица брашно.
2. Путерот се растопува и се остава да се олади.
3. Во сад се ставаат јајцата заедно со ванилите и солта и се мати со маталка, на јајцата се додаваат течниот оладен путер, кората од лимон и веќе активираниот квасец.
4. Преостанатото млеко и неутралната павлака се загреваат малку и се додаваат во течните состојки, постепено на 3-4 пати заедно со брашното, еден дел млеко и павлака, еден дел брашно и се меша да се соединат состојките.
5. Добиеното тесто треба да биде меко, еластично и лепливо.
6. Така подготвено тестото се остава на топло да се удвои, со шпатула се промешува и се остава уште 30 минути на топло.
7. Два пати скиснатото тесто се исипува врз набрашнета површина.
8. Тестото се размесува повторно и се расукува кора со дебелина 1 сантиметар и со модла се вадат кругови.
9. Крофните се ставаат врз набршнета крпа и се покриваат со друга и се оставаат за 10 минути да одморат, потоа се превртуваат врз друга набрашнена крпа и се оставаат уште 10 минути да се одморат.
11. Во касерола на оган се става маслото да се загрее.
12. Крофните се ставаат во загреаното масло од страната на која што лежат врз крпата.
13. Крофните се пржат на средна температура за да не изгорат на површината, а внатре да остават живи.
Ванила крем
1. Млекото се става во касерола заедно со ванилата и шеќерот.
2. Јајцата се матат и му се додава нишестето, се промешува да се соедини.
3. Јајцата се темперираат за да не се пресечат кога ќе се стават во загреаното млеко.
4. Од состојките се вари пудинг, кога пудингот е готов се тргнува од оган и му се додава путерот, се мати со маталка за путерот да се растопи и да се соедини со пудингот.
5. Пудингот се остава да се олади и со помош на шприц се полнат крофните.
- Крофните се потопуваат од едната страна во чололадо и се декорираат по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови