Растворете го квасецот во 3 дл млако млеко, додадете 30 гр шеќер и лажица брашно, покријте го садот и оставете го на топло, за да нарасне.
Во поголем сад додадете го преостанатото брашно заедно со 1/2 лажичка сол, додадете 4 жолчки, 100 гр матен путер, а на крај квасецот, па замесете го тестото.
Тестото кога ќе биде готово нема да се лепи на садот. Оставете го на умерено топло место да нарасне околу еден час. Треба да се дуплира.
На подлога поросена со брашно растегнете го тестото во правоаголник со дебелина 2 см.
Со калап се вадат крофни, кои треба да отстојат 15 минути, а потоа ги спуштаме во поголема количина врело масло да се пржат. Се превртуваат кога ќе заруменат, се вадат од маслото и се остњваат на сафлетка да го впие вишокото масло.
На крај поросете со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани